Спасовски и во наредната сезона меѓу бутелци

Капитенот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, ја продолжи верноста со клубот и за наредната сезона.

Се работи за играч со долг стаж меѓу бутелци, поточно ќе ја одигра четвртата сезона во прволигашот.

„Се чувствувам одлично покрај вакви соиграчи во Бутел Скопје и сите функционираме заедно како еден. Ова можеби ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Иако планирав претходно да кажам крај, нашиот Марче ми ги промени плановите и следната сезона ќе ја одиграм во негова чест. Сите заедно во клубот ќе дадеме максимум да направиме историски успех во новата сезона и ќе му го посветиме него“ , вели Спасовски.

Бутел договори соработка со многу свои фудбалери, а донесе и засилувања во Чаневски, Давитковски, Пулјизовиќ, Тот, како и младите Андревски и Филиповски.