Спасовски: Бутел сам си ја крои европската судбина

Капитенот на Бутел Скопје, кој уште во првата сезона во елитното друштво стигна до плеј-оф, Бојан Спасовски вели дека играчите и тимот самите си ја кројат судбита во битката за место во европските купови.

Следен ривал на тимот на Котески ќе биде Металург, а Спасовски ја повика публиката на последниот домашен натпревар сезонава, затоа што само со поддршка, може да се направи подвиг.

„Очекуваме тежок натпревар. Металург иако е на третата позиција оваа година, е добра и млада екипа. Во ростерот имаат репрезентативци кои се квалитетни со големо искуство од СЕХА лига и Лигата на шампионите. Ние сме прва година во Суперлигата и навистина сме изненадување, но имаме доста добри играчи со искуство. Сепак најважно е што владее хемија меѓу нас и сите фукционираме како едно. Во Автокоманда игравме добро на првиот меч, имавме водство во поголем дел и последен напад за нерешено, но не го искористивме и загубивме со еден разлика. Сега играме на домашен терен и ќе се обидеме да одиграме уште подобро отколку во Автокоманда, па со победа против ќе бидеме сигурни на тоа четврто место кое води во Европа. Сами сме креатори на нашата судбина, таа е во наши раце. Ги повикувам нашите верни навивачи в недела да бидеме во што поголем број да ја наполнат салата на последниот домашен натпревар и да ни дадат поддршка, да бидат нашиот осми играч, па сите заедно да напишеме уште една историја за Бутел“, изјави Спасовски.

Натпреврот меѓу Бутел Скопје и Металург се игра в недела од 19:30 часот.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0