Спартак шест седмици без Евдокимов и Урбонас кои се повредија против Еурофарм

Новиот член на СЕХА семејството, Спартак Мосвка со пораз ги започна настапите во регионалната лигата, откако во Битола беше поразен од тимот на Еурофарм Работник. 

Но, покрај поразот, Русите од Битола се вратија и со двајца повредени ракометари кои му создаваа дополнителни проблеми на тренерот...

Јегор Евдокимов се здоби со повреда на скочниот зглоб, додека Миндаугас Урбонас по еден дуел со битолски ракометар ја повредил раката и по дополнителните прегледи, лекарскиот тим на Спартак откри дека двајцата ќе отсуствуваат најмалку шест седмици. 

Повредите на двајцата првотимци е голем удар за амбициите на рускиот тим, кој во следното коло на СЕХА го чека ново гостување против Мешков Брест.