Спартак се намачи против „рударите“ од Пробиштип

Ракометарите на Спартак се намачија да обезбедат победа над Рудар Пробиштип, откако во неизвесен натпревар славеа со 23-21 (11-6). Ова беше дуел од долниот дел, но ниту едните ниту другите, немаат големи шанси за прогрес на табелата.

По 6-6, домашните направија серија од пет голови за водство со 11-6, а на паузата имаа предност од 12-8. Сепак во вториот дел Рудар се врати на 16-16, дури и поведе со 16-17. Домашните израмнија на 19-19 и тука се случи клучниот момент. 

Спартак поведе со плус 2, 21-19, потоа беше и 22-20, а го одржа водството до крајот за конечните 23-21. Најдобар поединец во домашниот тим беше Никола Величковски со пет голови, а кај гостите се истакна Денис Ампов со седум.