СП (Ж) 2019: „Лалињата“ процветаа во финале со судиски полемики и пропусти

Репрезентативките на Холандија го освоија својот прв златен медал на Мундијалите во женски такомет, откако славеа во 24-тото издание на Светскиот шампионат. Титулата дојде по трилер завршница во финалето против Шпанија, со пенал во последната секунда на Луис Абинг. Конечно, по сребрениот медал на Светското првенство во 2015 година и бронзениот на Европското првенство 2017 година, Холандија се закити со мундијалска слава. Од друга страна и за Шпанките ова беше најдобро достигнување во историјата со освојувањето на среброто. 

Во полуфиналето Шпанија успеа да ја изненади Норвешка со висока победа, а Холандија ја исфрли Русија. Скандинавките потфрлија и во натпреварот за третото место, оставајќи им го медалот и пиедесталот на Русинките. 

Натпреварот за петтата позиција меѓу двете третопласирани екипи во главните групи беше „бакланското дерби“. Во неизвесен дуел Црна Гора ја победи Србија, но она што беше најбитно за двете земји е пласманот во квалификациите за Олимписките игри. 

На Мундијалот во Кумамото, Јапонија уште на стартот во првата рунда беше елиминиран шампионот Франција. Тие го освоија само 13-тото место на турнирот, а не ја минаа групата покрај Јужна Кореа, Германија и Данска

Токму најпријатно изненадување во првата групна фаза беше селекцијата на Јужна Кореа која ја освои првата позиција во силната група. Сепак, неискуството на овие ракометарки ги чинеше многу во главната рунда на турнирот. Тие ги загубија сите три дуели од Србија, Норвешка и Холандија. 

За најдобра ракометарка на Мундијалот беше избрана Еставана Полман од Холандија, а нејзината тимска колешка Луис Абинг беше најпрецизна на турнирот со 71 погодок. 

Во идеалната постава место најдоа две поранешни вардарки и тоа на крилата Јованка Радичевиќ и Камила Херем. Најистакната меѓу стативите беше шампионката Тес Вестер, а од Холандија тука беше и МВП ракометарката на среден бек, Полман. Левата бековска позиција интересно не заврши во рацете на најпрецизната Абинг, туку кај Шпанката Александрина Кабрал, додека на десната страна најдобра беше Ана Виахриева од Русија. Како најдобар кружен напаѓач беше прогласена Лин Блохм од Шведска

Следното големо женско натпреварување е Европското првенство догодина, кое ќе се одигра следната зима во Данска и Норвешка.