• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува уште еден голем настан, тоа е Светското првенство (СП) во Германија. Нашиот национален тим на ждрепката во Минхен ги доби ривалите во групната фаза.
На десеттиот планетарен собир во низа, Македонија беше во вториот шешир, а ждрепката посака таа да се најде во групата заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија која ќе се игра во Магдебург.
- ГРУПИ НА СП 2027:
Група А (Минхен):
Германија, Србија, Тунис, Уругвај
Група Б (Штутгарт):
Италија, Египет, Зеленортски Острови, С. Арабија
Група Ц (Минхен):
Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција
Група Д (Штутгарт):
Франција, Аргентина, Бразил, Кувајт
Група Е (Кил):
Шведска, Норвешка, Грција, Катар
Група Ф (Магдебург):
Португалија, Фарски Острови, Полска, Алжир
Група Г (Кил):
Данска, Словенија, САД, Ангола
Група Х (Магдебург):
Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година, а домаќини на натпреварите ќе бидат Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.
