Советот ја изгласа платформата, Битола го доби Еурофарм Пелистер!

Советот на Општина Битола на вонредна седница денес го изгласа договорот за купување на акциите на РК Пелистер од страна на компанијата Еурофарм. 

Од денес, битолчани ќе ги претставува новоформираниот тим кој ќе биде именуван Еурофарм Пелистер. Власта гласаше „за“, а опозицијата остана воздржана за проектот кој треба да го врати ракометниот ентузијазам во градот под Пелистер.

Градоначалничката Наташа Петровска и компанијата Еурофарм наскоро ќе пристапат кон потпишување на договорот.

Со оваа платформа постоечката екипа на „зелено-белите“ ќе биде преименувана во Еурофарм Пелистер 2. Од претходно се знае дека планираниот буџет за двете екипи на годишно ниво ќе изнесува околу еден милион евра.

Оваа сезона боите на дресовите на екипата нема да бидат менувани, додека од наредната покрај сино-бела, тимот ќе настапува и во зелено-бела комбинација.