• Иван Димовски

Ракометарите на Партизан направија подвиг и го искористија лошиот ден на Вардар за голема победа во СЕХА лигата. Средбата во Белград апсолутно му припадна на домаќинот кој од стартот водеше и повеќе ја посакуваше победата.
По завршувањето на натпреварот, своето гледиште го изнесе ракометарот Младен Сотиќ. Тој нагласи дека ова е голема победа поради вардаровата величина во Европа.
„Пред сè би се заблагодарил за оваа поддршка од трибините, поради вакви моменти ние почнвме да работиме во спортот. Ова е голема победа за Партизан, Вардар е сам по себе големо европско име. Ние многу се боревме, ја заслуживме оваа победа и секој даде максимум. Заслужено победивме, сега одиме понатаму во ист стил“, кажа Сотиќ.
Партизан има шанса да дојде и до првото место во групата, меѓутоа за разврската ќе одлучуваат двата дуели со Татран Прешов.