• Горан Упале
Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Охрид денска го игра реванш натпреварот од второто коло против екипата на Баки.
„Гладијаторите“ веќе ја завршија својата задача, затоа што синоќа извојуваа убедлива победа од 44-11, па така тренерот Борис Ројевиќ се реши да одмори неколку првотимци и на денешната средба да им даде шанса на неколку младинци.
Градимир Чаневски, Анте Иванковиќ и Гоце Ојлески од трибините ќе го следат натпреварот, а свое деби на европска сцена ќе имаат младите Илија Трајчески, Бојан Крстевски и Христијан Пупунцоски.
Реванш натпреварот меѓу Охрид и Баку се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.



