Соле: Се доведовме во позиција сè што сработивме до финишот да пропадне во вода! 

Еурофарм Пелистер покажа машка борба на гостувањето кај Пари Сен Жермен во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ во одличен финиш се доведоа во позиција да приредат изненадување во Париз, но моќниот противник не го дозволи тоа и на крај славеше со минимални 31-29.

„Одигравме навистина добро во текот на првите три четвртини од натпреварот. Но, мораше да го зачуваме тоа водство и да не дозволиме натпреварот да влезе во неизвесна завршница и сработеното дотогаш да пропадне во вода.

Атмосферата повторно беше неверојатна, и навистина се радувам поради тоа“, рече Феран Соле, десното крило на Пари Сен Жермен.

Во второто коло Еурофарм Пелистер пред својата публика ќе го пречека Фуксе Берлин, додека ПСЖ го игра дербито на колото со Веспрем.