Соиграч на Митревски доживеа срцев удар на тренинг, веднаш пренесен во болница

Малку фалеше на денешниот тренинг на ракометниот клуб Порто да се случи голема трагедија, затоа што искусниот чувар на мрежата Алфередо Кинтана имаше срцев удар и веднаш беше пренесен во болница. 

Португалскиот голман, кој минутите ги дели со нашиот репрезентативец Никола Митревски, среде тренинг доживеал срцев удар, а благодарение на брзата реакција на лекарскиот тим на Порто, навремено беше пренесен во болница, каде веднаш беше хоспитализиран.

Од редовите на португалскиот шампион ја потврдија оваа информација и најавија дека навремено ќе информираат за здравствената состојба на својот 32-годишен чувар на мрежата. 

Инаку, Кинтана, кој е роден во Куба, од 2014 година ги брани боите на Португалија, а веќе 11 години е дел од Порто, каде веќе го има статусот на легенда на клубот.