„Со Вардар игравме без жар и страст... се срамам од катастрофата!“

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа нова победа во Лигата на шампионите и како гостин го совлада германски Рајн Некар Левен, а неколку дена по натпреварот, душата ја отвори голманот Андреас Паличка.

Чуварот на мрежата на „лавовите“ по меч во Бундеслигата истакна дека се срами од изданието на неговиот тим против Вардар и воедно им се извини на навивачите за лошата средба во Лигата на шампионите.

„Прво морам да зборувам за мечот со Вардар. Од она што го прикажавме, мора да им се извиниме на навивачите. Тоа беше една катастрофа која заедно ја прикажавме како тим. Изгледавме многу лошо. Одигравме меч без пасија, без сила, без жар, без страст. Секој спортист се срами од такво издание“, кажа Паличка.

Вардар е на второто место во групата во Лигата на шампионите, додека Рајн Некар поради поразот и победите на Веспрем и Киелце сега е петтопласиран.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 12 10 0 2 420:338 82 20
2 ВеспремВеспрем 1 12 8 0 4 346:327 19 16
3 ВардарВардар 1 12 7 1 4 341:333 8 15
4 КиелцеКиелце 12 7 0 5 375:364 11 14
5 Рајн Некар ЛевенРајн Некар Левен 12 6 0 6 363:351 12 12
6 МонпелјеМонпелје 12 3 1 8 322:345 -23 7
7 Мешков БрестМешков Брест 12 3 1 8 327:368 -41 7
8 КристијанштадКристијанштад 12 2 1 9 343:411 -68 5