ВИДЕО: Со тројца новајлии Раул ја билда формата на новиот ПСЖ

Веќе десетина дена францускиот шампион ПСЖ се подготвува за новата сезона. Во обид конечно да ја освои европската круна, Раул Гонзалез ја почна втората сезона на клупата на „светците“.

Поранешниот македонски селектор со тројца новајлии ќе го напаѓа европскиот врв, а клубот обезбеди неколку нови имиња за сезоната 2020/21. На ПСЖ ми пристапија Сипржак, Жерард и Сигурдсон, а си заминаа Омејер, Генсхајмер и Степанчиќ.

Голема придобивка за Раул е заздравувањето на Карабатиќ, кој поради повреда пропушти голем дел од финишот на минатата сезона. 

  • Тренинзите на ПСЖ на Раул Гонзалез: 

Првата активност на новиот ПСЖ ќе биде „Трофејот на шампионите“, на кој ќе играат четирите најдобри екипи од минатата сезона за титулата од Суперкупот на Франција