ВИДЕО: Со гол „а ла Дибиров“ од МРТОВ АГОЛ го реши европскиот првак!

Шведски Кристијанштад во супердраматичен натпревар во Франција успеа да слави над европскиот првак Монпелје (30-31), со погодок постигнат во последната секунда.

Во последните десетина секунди се влезе со изедначен резултат (30-30), а шведскиот претставник во ЛШ го имаше нападот за победа. Дуелот го реши Валтер Шринц, кој од крилната позиција даде гол од мртов агол, во стилот на Тимур Дибиров од Вардар.

Монпелје е закован на дното во групата од Лигата на шампионите со три бода, додека Кристијанштад има пет и со Мешков Брест ќе се бори за место кое води во нокаут-фазата.