Со Бутел нема играчки, му даде 38 гола на Прилеп за ОСМА победа во Суперлигата

Изненадувањето на првиот дел од ракометната Суперлига на Македонија, екипата на Бутел и четврти натпревар во низа не знае за пораз на домашна сцена. Новајлијата во лигата повторно блесна со својата игра и повеќе од заслужено го запиша осмиот овосезонски триумф, овој пат на гости кај тимот на Прилеп (30-38)

Избраниците на Игор Котевски веднаш се наметнаа како тим кој ќе го диктира темпото уште од самиот старт. По почетните десет минути имаа веќе убедливо водство од 3-8, за потоа да прерасне во 4-12 и до крајот на првиот дел Прилеп се консолидира и успеа да намали на попристојни -6 (12-18).

Вториот дел започна со израмнет ракомет во почетните десет минути, Бутел го чуваше своето водство од шест гола разлика, кое во продолжение се зголеми на +9 (22-31). Сепак, до крајот на мечот домаќините успеаја да ја намалат негативата за само еден гол, откако бутелчани славеа со убедливи 30-38.

Со оваа победа Бутел останува на втората позиција на табелата со осум победи и само два пораза, додека Припел го запиша осмиот пораз и е закован на деветтата позиција, веднаш над фенерџијата Борец. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 11 9 2 0 369:283 86 29
2 Охрид 2013Охрид 2013 11 9 1 1 314:253 61 28
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 11 8 1 2 304:265 39 25
4 Пролет 62Пролет 62 11 7 2 2 337:286 51 23
5 РадовишРадовиш 11 5 1 5 329:329 0 16
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 11 5 0 6 307:333 -26 15
7 ПелистерПелистер 11 3 2 6 283:288 -5 11
8 РаботничкиРаботнички 11 1 1 9 319:378 -59 4
9 Металург 2Металург 2 11 1 1 9 307:378 -71 4
10 СтругаСтруга 11 1 1 9 252:328 -76 4