• Мартин Танасковски

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска доби добри вести затоа што суспензијата која ја доби поради „случајот Корона Брашов“ и допинг-скандалот во Романија и е преполовена и ќе може пак да биде на терените.
Светската анти-допинг организација (ВАДА) ги доби сите докази од Романската анти-допинг агенција (АНАД), па скоро сите казни за учесниците се намалени. Така, Наташа Нолеска ќе може повторно да игра ракомет од септември.
Суспензијата на Нолевска беше во времетраење од 16 месеци. Допинг-скандалот во Романија изби во месец ноември, а се работеше за ласерска терапија, недозволена од ВАДА.