Словенките извлекоа реми со Србија, Романија убедлива против Италија

Репрезентациите на Словенија и Србија одиграа нерешено (29-29) во првиот бараж-натпревар за пласман на Европското првенство. 

Двете селекции одиграа квалитетно и добија во своја полза по едно полувреме, а повеќе можат да жалат Србинките, затоа што имаа +3 на две ипол минути до крајот. Сепак, Словенија успеа да се врати во егал, па така реваншот ќе го даде патникот на континенталниот собир. 

Искусната Андреа Лекиќ постигна седум гола за Србија, а на спротивната страна најдобра ракометарка беше Тјаша Станко, која впиша дури четиринаесет погодоци зад своето име. 

Романија е со една нога на Европското првенство откако славеше со 21-30 кај Италија, Швајцарија ја здроби Словачка со 38-22, Фарските Острови имаат десет гола предност по првиот меч со Литванија (36-26), а Црна Гора убедливо ја надигра Португалија со конечни 19-31. 

Фото/Foto: FoNet/rss.org.rs