Михаил Ивановски ќе игра за еден од најтрофејните словенечки клубови!?
Македонскиот ракометар Михаил Ивановски е блиску до трансфер во Горење Велење, пренесува „Хандбалиа“. 22-годишниот десен бек во текот на зимската пауза го напушти Алкалоид и се пресели во редовите на Ајдовшчина, каде за кратко време успеа да остави силен впечаток.