Словенија и два балтички аутсајдери во група со Македонија во евро-квалификациите!

Македонската машка ракометна репрезентација ги дозна противниците за кавлификациите за Европското првенство во Данска, Шведска и Нoрвешка во јануари 2026 година. Избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со дете балтичкки селекции со кои имаме позитивен биланс, Литванија и Естонија, и со носителот Словенија. Литванците и Естонците не играа на Европското првненство во Германија, местото во квалификациите го обезбедија преку претквалификации.

Во ваква група и со шест натпревари нашиот национален тим може биде задоволен од ждрепката во Копенхаген. Во квалификациите ќе учестуваат 32 репрезентации, а 20 репрезентации ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

Група 1:
Словенија, Македонија, Литванија, Естонија

Група 2:
Унгарија, Црна Гора, Словачка, Финска

Група 3:
Исланд, Грција, БиХ, Грузија

Група 4:
Шпанија, Србија, Италија, Летонија

Група 5:
Хрватска, Чешка, Белгија, Луксембург

Група 6:
Холандија, Фарски Острови, Украина, Косово

Група 7:
Германија, Австрија, Швајцарија, Турција

Група 8:
Португалија, Полска, Романија, Израел

Двете најдобри селекции од секоја група и четири третопласирани ќе се квалификуваат на завршниот турнир. Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.