Словенија доаѓа во Скопје со двоцифрен број отсуства

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Урош Зорман има сериозни проблеми пред двомечот со Македонија во квалификациите за Европското првенство. 

Во словенечкиот состав недостигаат дури 11 ракометари, голем дел од нив ѕвезди, кои нема да можат да играат против нашиот национален тим. Најзвучно отсуство е Миха Зарабец, но тука се и Борут Мачковшек, голманот Клемен Ферлин, Ник Хенигман, Миха Кавчиќ, Тадеј Кљун, Нејц Цехте, Рок Овничек, Митја Јанц, Домен Новак, а неодамна во репрезентативна пензија замина и Јуре Доленец.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра в среда во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. 

Четири дена подоцна во Копер (16 март) во 18:30 е закажан вториот дуел на двете селекции од квалификациите.