Словенецот Овничек од Целје од следната сезона ќе биде нов соиграч на Лазаров во Нант

Европскиот вицешампион Нант ја продолжува реконструкцијата за следната сезона.  Словенечкиот интернационалец Рок Овничек од 1 јуни ќе ги брани боите на Нант.

Централниот бек доаѓа во редовите на екипата во која настапува нашиот Кире Лазаров од Целје Пивоварна Лашко и ќе го замени Николас Клер кој потпиша договор со Екс ан Прованс.

Овничек сезонава во дресот на словенечкиот шампион во Лигата на шампионите одигра 14 натпревари и постигна 44 гола.

29-годишниот ракометар настапуваше за Горење Велење, се пресели во Целје, а од следната сезона во француското првенство ќе се бори за место во тимот во француското првенство и европските Купови.