Словенечкиот селектор избра 24 ракометарки за баражот со Македонија 

Селекторот на словенечката женска ракометна репрезентација Урош Брегар го објави поширокиот список на ракометарки за претстојниот бараж за Светското првенство против репрезентацијата на Македонија. 

Во првиот список се најдоа 24 ракометарки, а Брегар изјави дека неговите девојки мораат да бидат претпазливи, бидејќи ќе играат против незгодна селекција која нема истакнати имиња во ростерот, но поголемиот дел од нив играат во силни европски екипи. 

„Нè очекува дуел со незгодна селекција. Во својот ростер Македонија можеби нема истакнати имиња, но има многу ракометарки кои играат во силни европски екипи. Мораме да одиграме добро во Скопје и обезбедиме добар резултат, а потоа пред нашата публика во Целје да ја потврдиме победата во овој бараж“, вели Брегар.

Натпреварите меѓу Македонија и Словенија се играат на 2 јуни во Скопје, а реваншот во Целје е четири дена подоцна.