Словенец е замената за Домен Тајник во Еурофарм Пелистер!

Играта на актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, и во иднина ќе ја разигрува Словенец. Имано, Миха Котар е пред потпис со битолскиот клуб, јавуваат српските медиуми. Се работи за среден бек на Партизан, кој по две сезони во Србија ќе се пресели во Македонија.

Котар има 27 години, потекнува од спортско семејство, а негов матичен клуб е Словен Градец. Со Партизан освои четири трофеи, а во Македонија доаѓа во налет и веројатно со титула. Имено, Котар игра одлична сезона, беше најдобар поединец во финалето на Купот на Србија, а со Партизан граби и кон трофеј во шампионатот на Србија.

Домен Тајник по три сезони ќе си замине од Битола и како слободен ракометар ќе потпише за Слован од Љубљана. Битолчани веќе го официјализираа Мартин Серафимов, а ги продолжија договорите и со Хенигман, Граховац и Пешевски.