ВИДЕО: Словенците не му можеа ништо, голот на Кристопанс за летонска историја!

Ракометната репрезентација на Летонија за првпат во својата историја обезбеди учество на едно континентално натпреварување, откако синоќа во клучниот натпревар славеше над фаворизираната Словенија со 25-24.

Убедливо прва ѕвезда на паркетот беше вардарецот Даинис Кристопанс, кој постигна повеќе од половина голови за својот национален тим (13). Во негова режија беше и клучниот погодок, кога во самиот финиш со двајца противници на својот грб ја стресе словенечката мрежа и ги постави конечните 25-24. 

Голема заслуга за овој успех на Летонија одат и на адресата на голманот Артур Кугис, кој буквално во самиот финиш одбрани седмерец за реми.