Словенците не ја бираат Македонија во квалификациите за ЕП 2022

Словенија со високи амбиции чека на ждрепката од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година, а репрезентативците сакаат блиски земји, без долги патувања, но не ја бираат Македонија.

Словенците се во првиот шешир, додека Македонија се наоѓа во вториот и можна е балканска пресметка. Но, Вид Кавтичник и Блаж Благотиншек, двајцата искусни репрезентативци, кога ги бираа групите, не ја одбраа Македонија.

Желба на Кавтичник е група со Австрија, Швајцарија и Италија, додека Благотиншек ги посакува Србија, Босна и Херцеговина и Фарски Острови.

Ждрепката за Европското првенство во 2022 година на програмата е утре (вторник) од 17:00 часот.