Словенци ќе делат правда на клучниот дуел за Македонија на ЕП 2020

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за третото коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонија го чека дуелот со Австрија кој е од клучно значење, а правдата на средбата ќе ја дели словенечка двојка. Се работи за интернационалните судии Бојан Лах и Давид Сок, двојка со големо искуство на ракометните терени и натпреварувања.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија се игра во „Штрадхале“ во Виена, во вторник со почеток од 18:15 часот.

Нашиот национален тим нема право на кикс ако сака да продолжи понатаму и мора да оди на победа со најмалку два гола.