• Горан Упале
Вечерва со два натпревари започна баражот за пласман на следното Светско ракометно првенство, а еден од нив беше посебно во фокусот на нашата јавност.
Ракометната селекција на Словачка се извојува победа во првото соочување со Украина. На натпреварот кој што се одигра во Германија, ракометарите на Словачка не видоа мака против десеткуваниот противник и на крај славеа со сигурни 24-27 (11-16). Победникот од овој двомеч ќе се судри со Македонија во последниот филтер од квалификациите за Мундијалот во Германија.
Реваншот ќе се одигра на 22 март во Повашка Бистрица, а во оваа ЕХФ недела нашата селекција ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Австрија.
На вториот одигран натпревар селекцијата на Грција го одбрани домашниот терен и славеше над Белгија со 29-26 (16-13).




