• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија го дозна противникот во баражот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.
Селекцијата на Словачка го доби двомечот против Украина, иако загуби на реваншот дома со 31-32. Првиот натпревар Словаците го добија со 24-27 и имаа предност која ја искористија за пласман во главниот мундијалски бараж.
Украинците покажаа добар перформанс и во еден момент дури водеа со шест гола разлика на гостувањето во Словачка, меѓутоа на крајот запишаа само пирова победа.
Македонија и Словачка ќе се судрат во мај. Првиот натпревар го играме на гости на 13 или 14, додека реваншот ќе се одигра на 16 или 17 во Скопје.




