Славниот Урош Зорман замина од Требње и се врати во матичниот клуб

Легендарниот Урош Зорман се враќа „дома“ и од следната сезона ќе биде тренер на Слован, клубот каде впрочем и ја започна својата ракометна кариера. 

Ова за него ќе биде прв тренерски предизвик во омилениот клуб, а претходно работеше во Тримо Требње и полскиот гигант, Киелце. Зорман потпиша договор со кој ќе се задржи во Слован најмалку до 2028 година, јавија словенечките медиуми. 

44-годишниот тренер ја отстапи позицијата во Тримо на нашиот стратег Раде Стојановиќ и се пресели во Слован, каде веќе беше претставен и од него се очекуваат одлични резултати во следните сезони. 

Урош Зорман е вистинска легенда на словенечкиот ракомет и уште го држи рекордот за најмногу настапи во дресот на ракометната репрезентација (225). Од 2022 година е селектор на Словенија, со која летово ќе настапи на Олимписките игри во Париз.