• Саше Љолес
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/04/05/677z381zorman-7612.jpg?itok=pzGK7XFR)
Словенечкиот селектор Урош Зорман наскоро би можел да добие нов предизвик во тренерската кариера. Досегашниот предводник на Тримо Требње нејверојатно ќе се пресели во љубљанскиот Слован, кој воедно е и негов матичен клуб.
Зорман веќе изјавуваше дека би сакал да се врати во Слован по завршувањето на играчката кариера, па таа желба веројатно наскоро и ќе се оствари.
„Слован отсекогаш беше мој клуб, а тоа така ќе остане и во иднина. Секако дека сакам да се вратам онаму каде што започнав, мислам дека тоа е сосема оствариливо“, изјави Словенецот по завршувањето на последната сезона во дресот на полскиот Киелце.
Урош Зорман важи за вистинска легенда на словенечкиот ракомет, а за „змајчеки“ одигра фантастични 225 натпревари и постигна 523 голови.