Славниот Торир Хергеирсон замина во пензија како најуспешен селектор во историјата

Легендарниот ракометен стручњак, Торир Хергеирсон, официјално се збогувааше со активното работење и заминува во пензија како најуспешен селектор на сите времиња. 

На свечената церемонија во Виена обраќање имаше поранешниот дански ракометар, Јеспер Јенсен, кој изрази само пофални зборови за Хергеирсон и го испрати со максимална почит. 

„Ти блгодарам Торир за тоа што ја промени историјата во женскиот ракомет. На овој начин ја искажувам мојата најдлабока почит за тебе. Твојот траг засекогаш ќе остане врежан во главите на сите љубители на ракометот“, рече Јенсен. 

Исланѓанецот Хергеирсон започна со работа во женската национална селекција уште како студент во далечната 2001 година. Најпрво беше помошник на Март Бревик, а потоа цели 15 години ја предводеше норвешката репрезентацијата и освои вкупно 11 златни медали. 

Со овој учинок, се искачи високо на пиедесталот и го остави зад себе прославениот Клод Онест од Франција, кој успеа да освои осум златни медали од големите натпреварувања.