• Горан Упале

Раководството на ракометниот клуб Загреб и тренерот Славко Голужа меѓусебно ја прекинаа соработката, соопшти хрватскиот шампион.
На Голужа ова му беше трет тренерски мандат на клупата на загрепчани, а функцијата ја извршуваше од втората половина на ноември минатата година.
„Сакаме да му се заблагодариме на тренерот Голужа за сè што направи за нашиот клуб. Сè што направи, направи со добра волја и ние сме му благодарни што нè водеше во изминатите 10 месеци. Му посакуваме многу среќа и многу успех во понатамошната работа, како на деловен, така и на личен план“, велат од управата на клубот.
До дополнително известување, тимот од клупата ќе го води Андрија Николиќ, кој му беше помошник на Голужа, а на стручниот штаб ќе му се приклучи и генералниот директор на клубот Божидар Јовиќ. Загреб е еден од противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лигата на шампионите.