• Зоран Мишевски
Последниот македонски претставник во женските европски клупски натпреварувања, екипата на ЖРК Чаир се наоѓа пред елиминација во првото коло од вториот дел на сезоната - осминафиналето на ЕХФ Купот. Иако двата натпревари овој викенд ги игра на домашен терен, екипата која заврши на третото место во ланската сезона не е на нивото на чешка Славија.
Гостите од Прага, номинално како домаќини попладнево во СЦ „Јане Сандански“ славеше со 31-20 (15-8). Чешките ракометарки се одлепија од 7-5 на 10-5 и не погледнаа назад. Предноста до одморот достигна осум гола, а потоа во 36. минута лрвпат беше и двоцифрено. Финалните единаесет разлика реално ја отсликуваат разликата меѓу двете екипи.
Адријана Мишова со осум и Барбора Долежалова со шест гола беа најефикасни во чешкиот табор. Теодора Гуличоска и Дукоска постигнаа по пет, а Ѓорѓиоска запиша четири погодоци.
Возвратниот натпревар, кој веројатно ќе биде само формалност, се игра утре попладне во Скопје и ЖРК Чаир ќе биде во улога на домаќин.

