СЛАТКА ОДМАЗДА: Вардар им кажа „стоп“ на Душебаев и Киелце во Скопје!

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа посакуван триумф против Киелце во рамки на 10. коло од Лигата на шампионите (28-27), со што остана во борба за второто место во групата „А“ кое носи полесна нокаут-фаза.

Вардарци цел натпревар водеа, но во финишот си поиграа со нервите на своите фанови. Киелце можеше да дојде до бод во Скопје и да се спаси од пораз, но Карачиќ и Милосављев реагираа во последната минута и донесоа голема радост за македонскиот претставник во Лигата на шампионите. Ова беше последен меч за вардарци за оваа година, а возбудувањата во елитата продолжуваат во февруари, по ракометниот Мундијал во Германија и Данска.

Киелце подобро го отвори мечот и имаше предност (2-3), но потоа следеше одлична игра на Вардар, која се круниса со серија од 4-0. Кристопанс како двоен стрелец, како и Шишкарев и Дибиров го надмудрија Цупара, за предност од 6-3 на Вардар, која констнатно се одржуваше.

Во 15. минута од мечот, вардарци имаа и 9-5, па водеа и со највисоки плус пет поради Дисингер (14-9), а до паузата, Киелце ја намали негативата на три гола (14-11). Можеше полскиот тим да дојде и поблиску, но Милосављев беше на висината на задачата.

По десет минути игра во вториот дел Вардар ја чуваше предноста (20-16), потоа иако со играч помалку, Шишкарев погоди за враќање на плус пет (21-16), но следеа две одбрани на Ципара, како и два гола на Душебаев и Кулеш, за намалување на негативата на два гола (24-22), на десет минути пред крајот.

Резултатот гласеше и 26-24, за потоа Кристопанс да промаши напад за Вардар, а Јанц да погоди на спротивната страна, за 26-25. Во последните две минути и двата тима играа со по играч помалку, при резултат 27-26, а на минута пред крајот Карачиќ даде гол (28-26), а Калифа Гедбан одбрани, по што мечот беше решен.

Кај Вардар најдобар стрелец беше Даинис Кристопанс со пет гола, Скубе даде четири, а Шишкарев финишира со три гола, додека кај Киелце, Душебаев даде пет гола, а Кулеш и Циндриќ постигнаа по три. Јунак на вардарци на овој меч беше и голманот Милосављев, кој забележа 11 одбрани.

Вардар сега на своето конто има 13 бода, еден повеќе од третопласираниот Киелце. Во наредното коло кое се игра во февруари, „црвено-црните“ гостуваат кај Рајн Некар Левен во Германија, додека Киелце има исто така гостински меч, кај Кристијанштад.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3