Скубе: Тврдам дека Вардар сè уште е моќен

Екипата на Вардар и официјално означи старт на подготовките за пролетните предизвици во кои ќе брани три трофеи (Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашниот шампионат). 

Новиот стратег Алушовски се започна со ракометарите, а еден од ретките првотимци кој е беа репрезентативен ангажман, Сташ Скубе изјави дека доколку проблемите завршат, Вардар повторно ќе биде квалитетен и моќен.

„Би рекол дека навистина имавме проблеми во ноември и декември, затоа и имавме малку полоши резултати. Се надевам дека сите од Европскоро првенство ќе се вратат здрави и конечно да одиграме некои натпревари комплетни. Јас и натаму тврдам дека Вардар е квалитетен и јак, и може да има добри резултати. Можеби немаме многу играчи за ротација и толку квалитетни, но и лани беше слично па стигнавме до финалето. Секогаш сум оптимист и само да бидеме здрави“, вели Сташ Скубе.

Првиот трофеј што ќе треба да го брани Вардар е оној во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ директно се пласираа во четвртфиналната фаза и таму го чекаат победникот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе. Ф4 турнирот во СЕХА би требало да се игра на почетокот на април.

<<< ПОВРЗАНО - Алушовски: Среќен сум што ќе работам со оваа група на луѓе победници

Во ЕХФ лигата на шампионите Вардар сигурно ќе игра во осминафиналето, и има уште да се одиграат уште четири кола од регуларниот дел. Потоа во зависност од пласманот ќе го добиеме противникот во Топ-16 фазата.

Во март би требало да почне и плеј-офот во домашното првенство каде Вардар и Еурофарм Пелистер се приклучуваат н анајдобрата четворка од домашното првенство.