Скубе: Му посакувам на Вардар сè најдобро, задоволни сме само од бодовите

Сташ Скубе за првпат играше против својот поранешен тим Вардар. Како член на Мешков Брест тој беше солиден на паркетот, во победата во рамки на Лигата на шампионите (24-22). Средниот бек даде коментар за мечот и истакна дека победил посреќниот тим.

„Почнавме добро, но не можевме да ја контролираме играта и Вардар лесно стигна до пресврт. Ние не дававме лесни голови како нив, бевме посреќен тим вечерва, а можеме да бидеме задоволни само од бодовите. Му посакувам на Вардар сè најдобро и се надевам дека ќе победува на следните натпревари и ќе успее да се пласира во осминафиналето“, изјави Скубе.

Ова беше втора победа по ред за Мешков Брест во меѓусебните дуели со Вардар во Лигата на шампионите.