ВИДЕО: Скубе како мали деца ги лажеше ѕвездите на ПСЖ и покажа зошто е меѓу најдобрите

Екипата на Мешков Брест синоќа приреди голема сензација во Лигата на шампионите, затоа што со минимални 32-31 славеше над големиот фаворит ПСЖ.

Ѕвездениот тим на Раул Гонзалез повторно ги разочара своите фанови и потклекна на налетите на белорускиот шампион, кој беше предводен од поранешниот вардарец Сташ Скубе. Токму одличниот среден бек зад своето име го запиша и потегот на натпреварот, откако со два магични потези си поигра со искусните дефанзивци на ПСЖ и соло-акцијата ја запечати со ефектен погодок.

  • Голот на Скубе против ПСЖ:

Скубе мечот со париските ѕвезди го заврши со четири погодоци од седум обиди, додека во редовите на ПСЖ прв стрелец беше Кристопанс со седум гола.