Скубе и двајца поранешни вардарци во тимот на колото на ЛШ

Полека се наѕираат патниците во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а победниците во групите веќе се стационирани во четвртфиналето. Дванаесеттото коло на најсилното клупско натпреварување во Европа ги вреднува најдобрите на секоја позиција, а вардарци не се исклучени и во овој избор.

Средниот бек Скубе се најде во идеалниот тим, каде место имаше за уште двајца поранешни вардарци, Душебаев и Кањељас.

Идеален тим на 12. коло на Лигата на шампионите:
Голман: Андреас Волф (Киелце)
Лево крило: Хуго Дескат (Монпелје)
Лев бек: Јоан Кањељас (ПИК Сегед)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило: Мариус Штајнхаузер (Флензбург)
Кружен напаѓач: Хендрик Пекелер (Кил)

До крајот на групната фаза Вардар гостува во Порто и го пречекува Монпелје во Скопје.