Скубе: Го одбрав Мешков поради високите амбиции во ЛШ!

Вардар остана без главниот ракометар за наредната сезона, затоа што Сташ Скубе реши да менува средина и да потпише со белоруски Мешков Брест. Словенечкиот ракометар потпиша договор на две години, а вели дека високите амбиции во Лигата на шампионите и добрите препораки го натерале да направи траснфер во Белорусија.

„Среќен сум што направив трансфер во Мешков Брест. Гледам еден добар тим кој ќе биде заедно наредната сезона. Мислам дека ќе имаме и добри резултати во Лигата на шампионите, тоа е една од главните причини зошто доаѓам во Белорусија. Имав контакт со Симор Разгор пред да потпишам, исто така ис о Сандро Обреновиќ. Добив позитивни препораки. Чув дека Мешков Брест е добро организиран клуб и амбициозен. Не знам многу за градот, но важно ми е добро да играме ракомет“, изјави Скубе.

Словенечкиот ракометар кариерата ја почна во 2006 година во Тримо Требиње, а во 2013 година направи трансфер во Горење. Таму мина три години, па следеше преселба во унгарски ПИК Сегед, од каде пристигна во Вардар и одигра две сезони.