Скромен учинок на Македонците, пресврт-победа на Магдебург над Лудвигсхафен

Кузмановски Магдебург

Во македонската вечер во Бундеслигата, во која не настапи само Жарко Пешевски (Штутгарт), само Филип Кузмановски со својот Магдебург се радуваше на победа во рамките од 15. коло на најмоќната ракометна лига на светот. 

Магдебург преку пресврт успеа да го скрши отпорот на Лудвигсхафен и со минимални 17-20 ја запиша десеттата победа во новата сезона на Бундеслигата. Кузмановски не постигна ниту еден гол, додека Томовски за две минути минати во игра одбрани три топки. 

Поранешниот организатор на играта на Македонија, Филип Миркуловски, по фантастичниот настап на претходниот меч за Вецлар против Минден, вечерва беше скромен и учествуваше со само еден гол во поразот на неговиот тим од Гепингем од 26-21. 

Филип Талески, пак, и неговиот Балинген немаа сили на гости кај Лемго и забележаа пораз од 27-24, а поранешниот бек на Рајн Некар Левен само еднаш се запиша во листата на стрелците.