• Зоран Мишевски
Пред почетокот на мечот со Кристијанштад, на претставувањето на ракометарите свирежи од домашната екипа на Вардар заработи српскиот кружен напаѓач Мијајло Марсениќ. Можеби звучи чудно зошто домашната публика исвиркува ракометар на Вардар, но веројатно причината датира од неодамна завршеното европско првенство во Полска.
Таму Марсениќ при еден постигнат гол испрати пцовки, кои ги улови ТВ камерата. Којзнае кон кого беа упатени, но не им се допаднаа на навивачите на Вардар.
Претходно исвиркуван беше и Дејан Манасков заради една стара негова изјава која датира од периодот минат во Металург, но дојде до помирување меѓу него и навивачите и сега нема свирежи, кога тој е претставуван или кога ќе даде гол.