Скопје со погодок во последните секунди jа доби трилер завршницата во Прилеп

Ракометарите на Прилеп примија гол во последните секунди и дозволија изненадување на домашен терен против последнопласираниот Скопје 2020 (26-27) во рамките на 15. коло од македонската Суперлига.

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Скопје 2020: 

Првиот дел донесе израмнето надигрување во текот на сите триесет минути. Гостите можеа да заминат на пауза со два позитива, но Реваз Чантурија погоди од една контра во последната секунда и намали на 14-15.

Следуваше идентична слика и во продолжението. Се играше гол за гол и ниту една екипа не се одлепи на чувствителна разлика. Последните десет минути го одлучија победникот на оваа средба. Чантурија погоди пенал за 26-26, меѓутоа во последниот напад Скопје организира одлична акција и преку Велимир Грујовски се ираздува на конечна победа во последните секунди од мечот.

Леонид Киселовски со шест гола се истакна кај гостите, а Реваз Чантурија одигра симултанка за домашниот тим со единаесет погодоци. За тимот од главниот град ова е втора победа во низа, по стартните тринаесет последователни порази. Прилеп со овој неуспех стигна до јубилејни десет неуспеси во тековната сезона.