• Саше Љолес
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека на 13 април, со почеток во 13:00 часот, ќе започне ждрепката за претстојното 24. Светско првенство за девојки до 20 години, кое ќе биде организирано во Скопје во периодот меѓу 19 и 30 јуни годинава.
Извлекувањето на групите ќе биде спроведено преку јутуб каналот на Меѓународната ракометна асоцијација, а сите репрезентации се поделени во четири шешири.
Шешир 1:
Унгарија , Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија
Шешир 2:
Кореа, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Македонија, Германија, Чешка
Шешир 3:
Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапонија
Шешир 4:
Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, Америка, Алжир, Нов Зеланд, Узбекистан
Пред извлувањето на репрезентациите од вториот шешир, репрезентацијата на Македонија ќе има привилегија да одбере група во која ќе настапи на 24. Светско јуниорско првенство за жени.