Скопје доведе искусно име, потпиша со Игор Трајковски

Суперлигашот РК Скопје за новата сезона ќе биде посилна за едно име со интернационално искуство. 

Се работи за Игор Трајковски, кој по две години замина од фински СИФ и се враќа во Суперлигата. Кружниот напаѓач ќе биде сериозно засилување за младиот и перспективен тим, па се очекува да биде еден од најдобрите во ростерот. 

Во својата кариера Трајковски, освен за СИФ настапуваше и за екипите на Пелистер и Еурофарм Работник, а потоа кратко и во Еурофарм Пелистер 2, како и за Струга и Радовиш

Во таборот на Скопје 2020 досега пристигна српскиот голман Никола Радовановиќ, а на клупата седна Горан Кузманоски.