Скопје домаќин на Медитеранските ракометни игри во 2027 година

Скопје ќе биде домаќин на Медитеранските ракометни игри во 2027 година, откако Медитеранската ракометна конфедерација донесе одлука Македонија да ја организира 23-та едиција на машкото натпреварување.

Турнирот е закажан од 18 до 25 април 2027 година, а на него ќе настапат млади ракометари родени во 2010 година и подоцна.

Одлуката за доделување на организацијата е донесена едногласно на состанокот на Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација на 27 август. За Македонија ова ќе биде значајна можност за организација на меѓународно младинско ракометно натпреварување, а натпреварите ќе се одржат во Скопје.

Медитеранската ракометна конфедерација истовремено ја додели организацијата и на женското издание, кое ќе се игра во Хамамет, Тунис, од 7 до 14 март 2027 година.