Скопје без одговор, разиграниот Тиквеш до трето сезонско славје

Ракометарите на Тиквеш 2014 ја запишаа третата суперлигашка победа во четвртото коло, откако славеа на гостувањето кај Скопје 2020 со 20-29 (11-18). Избраниците на Горан Кузманоски немаа сили за никакво изненадување, гостите од Кавадарци беа убедливи уште од стартот и дојдоа до трето славје, додека за скопјани ова беше трет пораз. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Скопје 2020 и Тиквеш 2014: 

Дуелот започна со одлична игра на Тиквеш и водство од 0-4. Скопје веднаш немаше решение за играта на гостите, разликата почна да расте и да напредува, па бргу избраниците на Данило Брестовац поведоа и со седум, па и осум гола предност. До полувремето немаше дополнително резултатско одлепување и на пауза се замина со 11-18 за гостите. 

Вториот дел се играше со исто темпо, Тиквеш диктираше, ја чуваше предноста и беше подобар на теренот, а Скопје имаше само по некој добар момент. Одново гостинската екипа дојде до највисоките +8, па скопјани беа без одговор. Тиквеш рутински го затвори натпреварот, го приведе кон крајот и ја запиша победата. 

Најдобар поединец на теренот беше Страхиња Симиќ со девет реализации, додека му помогна Стефан Дрогришки со пет. Во таборот на Скопје пак по четири гола даваа Јакимовски, Трајковски и Барјактаревиќ.