Скјерн падна во Загреб, Македа го спаси Сегед, Мотор го „сомле“ Флензбург

Хрватскиот ракометен првак ППД Загреб забележа триумф во Лигата на шампионите и на домашен терен со 32-29 (15-14) беше подобар од Скјерн.

Данскиот претставник беше во егал едно полувреме, а потоа почна доминацијата на „плинарите“ кои ја запишаа четвртата радост во ЛШ. Разликата се направи од 40. минута, кога Загреб од 22-20 прво се одлепи на 27-22, а потоа со гол на Хорват поведе и со највисоки „плус шест“ (30-24), позитива за која Скјерн до финишот немаше како да ја достигне.

Прво име кај победникот беше Сршен со девет гола, Мандиќ постигна шест, а Хорват заврши со три, додека кај Скјерн, Мирхол реализира осум пати, а Моргенсен постигна шест погодока.

Фаворизираниот ПИК Сегед едвај победи на гостувањето кај Целје и се спаси во последните минути (28-29). Словенечкиот претставник имаше реми во раце (28-28), а јунак на гостинот беше Хорхе Македа, кој даде гол на шест минути пред крајот за победа. Претходно, Шпанецот играше сам во финишот и од 27-26, со три гола го сврте резултатот во полза на унгарскиот вицепрвак. Токму Македа со седум гола беше најдобар кај ПИК Сегед, додека Бомбач даде пет гола, а кај Целје, Акамбре запиша осум погодока.

Голем триумф забележа Мотор Запорожје, кој на домашен терен беше подобар од Флензбург (28-26). Нерешено беше на пет минути до крајот (24-24), а триумфот го донесоа Пухоуски, Козакевич и Бабичев. Најдобар на мечот беше Пуховски со девет гола, Маласинскас даде шест, а кај Флензбург, Лауге Шмид реализира шест пати, а Гландорф беше стрелец на пет гола.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПСЖПСЖ 14 13 0 1 455:385 70 26
2 ПИК СегедПИК Сегед 14 9 2 3 411:397 14 20
3 ФлензбургФлензбург 14 7 1 6 378:370 8 15
4 НантНант 14 5 4 5 421:408 13 14
5 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 14 5 1 8 413:412 1 11
6 ППД ЗагребППД Загреб 14 4 3 7 359:388 -29 11
7 СкјернСкјерн 1 14 3 2 9 398:439 -41 8
8 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 1 14 3 1 10 380:416 -36 7