• Мартин Танасковски
Женската ракометна репрезентација на Норвешка продолжи да победува на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) и го забележа третиот врзан триумф, совладјваќи ја Словенија со резултат 29-22 (15-10).
Балканската селекција која пред две кола ја забележа првата победа, немаше сила да се надигрува со големиот фаворит. Очигледно е дека на ракометарките на Брегар не им лежи скандинавскиот стил на игра затоа што претходно во првата рунда убедливо загубија и од Данска.
Најдобри кај Норвешка беа Инштад и Рушфелт со по четири постигнати гола додека кај Словенија се истакнаа Грос и Мавсар со по пет реализации.
Во последното петто коло ќе следи голема драма. Трите скандинавски селекции - Данска, Шведска и Норвешка имаат по шест бода, а Германија, Јужна Кореја и Словенија имаат по два бода. Значи дека трите горни места се резервирани, а за последното место ќе се борат трите второспоменати тимови.
Петтото коло носи меч на Данска и Јужна Кореја, а играат уште Норвешка и Германија, односно Словенија и Шведска.
ФОТО/Photo: IHF