Скандинавското дерби за првото место за Начевски и Николов

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе имаат нова задача на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во рамки на последното коло од турнирот.

Нашите најдобри арбитри кои го имаат епитетот и на најдобри светски судии ќе бидат дел од мечот меѓу Данска и Норвешка. Скандинавското дерби е битка за првото место во групата. Средбата меѓу Данска и Норвешка ќе се игра од 19:00 часот, а за Начевски и Николов ќе биде четврта задача на престижните Олимписки игри во Париз.

Николов и Начевски претходно судеа на натпреварите Хрватска - Словенија, Унгарија - Египет и Шпанија - Германија.