• Горан Упале

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите и официјалните лица за второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, како и за втората рунда од квалификациите за Европската лига.
Нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се враќа на меѓународна сцена и е делегирана за скандинавското дерби во Норвешка, меѓу Елверум и Алборг.
Покрај истакнатите македонски судии, уште две наши двојки ќе ја делат правдата во Европската лига. Младите Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат дуелот меѓу Флензбург и Квижун на четврти октомври, додека битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе застанат на центарот на натпреварот меѓу Кристијанштад и Aрхус.